Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заседава Централниот одбор на СДСМ

Заседава Централниот одбор на СДСМ
Во седиштето на СДСМ во тек е состанокот на партискиот Централен одбор, кој треба да ја донесе конечната одлука - дали и како ќе се реализира најавата на лидерот Зоран Заев за непризнавање на изборите. Се очекува на состанокот да се дебатира за предлогот што уште вчера го усвои Извршниот одбор на партијата, кој едногласно донесе одлука пратениците од опозицијата да не ги прифаќаат мандатите во новиот Парламент. Ваквиот потег денеска објави дека ќе го следи и НСДП, која има свои кандидати на листите заедно со СДСМ. „Синоќа одлучивме и да не поднесуваме приговори од причина што не го признаваме изборниот процес и нецелисходно е да се поднесуваат приговори бидејќи во изминатиот период, поточно пред и на самиот ден на изборите имаме поднесено 170 различни претставки, а сите тие или се одбиени или никој за нив не реагира“, изјави денеска партискиот портпарол Петре Шилегов. Освен за мандатите, Централниот одбор вечерва треба да ги отпочне подготовките и за новиот постизборен партиски конгрес, на кој ќе се оценат исборните резултати и довербара на лидерскиот довец Заев-Шеќеринска. Како можен датум за одржување на конгресот се споменува 11 мај.
Слично

Поврзани вести