Зaробени четворица полицајци во заземената полициската станица во село Гошинце?
Порталот МКД.мк неофицијално објави дека четириесетина вооружени лица од Косово утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, и заробиле четворица македонски полицајци.
Од МВР најавуваат официјална верзија за случајот.
За 12.30 часот е закажана прес конференција во Министерството за внатрешни работи на која ќе бидат соопштени детали за случајот со наводно заземање на полициската станица во село Гошинце кое го објавија неколку медиуми.
Слично
