Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАРЕМ ТОЛКУ НЕДОСТИГААТ ХИГИЕНИЧАРИ ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР - добрата вест е што престана да расте бројот на невработени

ЗАРЕМ ТОЛКУ НЕДОСТИГААТ ХИГИЕНИЧАРИ ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР - добрата вест е што престана да расте бројот на невработени

Добрата вест е дека во ноември лани невработеноста во земјава стагнирала, па дури и малку се намалила во однос на претходниот месец, откако во октомври за прв пат по подолг период таа регистрираше месечно зголемување, а како последица на високата енергетска криза во земјава.

Па така, според последните податоци од Агенцијата за вработување, кои се однесуваат за ноември годинава, во тој месец бројот на невработени граѓани изнесувал 113.574, што е само благо намалување за 319 граѓани, во однос на октомвриската бројка на невработеност, која изнесуваше 113.893 лица.

Тоа следува откако невработеноста претходно цело време се намалуваше од месец во месец, достигнувајќи во септември 112.464 денари.

Останува да се види дали октомври бил само несреќен месец и дали и во наредните месеци ќе продолжи трендот на пад на невработеноста, или, пак, ќе има нов раст на бројот на невработени.

А, кога стаува збор, пак, за тоа кои професии се најбарани во земјава, за што Агенцијата за вработување од ден во ден ги ажурира податоците, зачудува фактот што хигиеничар за станбен и деловен простор и натаму останува да биде најбарано занимање, односно занимање за кое има најмногу слободни работни места во земјава, и тоа 980 луѓе.

Потоа следува занимањето општ работник, каде се бараат 524 лица, што е речиси двојно помалку, а на трето место е продавач, за што има 476 слободни работни места.

Кога станува збор, пак, за четвртата и петтата позиција, тие се резревирани за келнер, каде има 321 слободно место и само едно помалку за возач на камион.

Потоа следуваат обезбедувачи, за заштита на имоти и лица, шивачи на текстил, магационери, готвачи, а потоа се програмери, за што се отворени 145 такви работни места.

Кога станува збор за слободни места по дејности, пак, најмногу има во преработувачката индустрија, и тоа 1.927, потоа е трговијата со 1.817, додека, пак, во административно помошни и услужни дејности, со 1.347 места, по што следува градежништвото, со 827 слободни места. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести