ЗАРЕМ НИЕ НЕ ЗНАЕВМЕ КОЛКУ НИ ВРЕДАТ НАЈМОЌНИТЕ ФИРМИ - еве колку тежат македонските гиганти
Во деновиве кога српски неделник испливува со имиња на балкански бизнисмени, меѓу кои и македонски, со големи вредности на нивните компании, Фактор се реши да потсети на една своја анализа, која ја правевме неодамна, врз основа на податоци од последниот ноемвриски берзански билтен. Во него, покрај бројни други показатели за берзанското работење, се ставени и пазарните капитализации на топ десетте котирани компании, а кои покажуваат колку пари би се добиле за компанијата доколку сите нејзини акции се продадат во исти ден.
Еве ја неодамнешната аанализа на Фактор, на која потсетуваме и сега.
Највредна компнија што котира на Македонската берза е Македонски телеком, чија пазарна капитализација на крајот на ноември годинава изнесувала над половина милијарда евра, или прецизно 545 милиони евра. Толку би требало да плати некој ако хипотетички би сакал да купи 100 отсто од акциите на компанијата одеднаш, односно во текот на еден ден.
Втора по вредност односно по пазарна капитализација е нашата најголема банка во земјава, Комерцијална банка. Нејзината пазарна капитализација во ноември изнесува 411 милиони евра, со што банката со која раководи Хари Костов е на втората позиција од сите котирани компании.
Со одлична пазарна капитализација е и нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, компанија која доколку нејзините сите акции би се продале одеднаш во текот на ноември, би вредела само нешто малку помалку од 400 милиони евра, или прецизно 396 милиони евра.
Четвртата позиција е резервирана за втората домашна најголема банка, односно Стопанска банка Скопје, која доколку доживее продажба на сите нејзини акции одеднаш, за нив би се платиле 383,6 милиони евра.
На петто место е третата по големина банка во земјава, НЛБ Банка, чија пазарна капитализација на крајот на ноември изнеувала 316,6 милиони евра, пари кои би се добиле за сите акции одеднаш.
Следуваат Цементарница УСЈЕ со пазарна капитализација од 265,8 милиони евра, потоа нафтениот дистрибутер „Макпетрол“, чија пазарна капитализација блила 121 милиони евра, потоа „Гранит“ со 68 милиони евра, и „Макстил“ со над 28 милиони евра пазарна капитализација.
Додека, пак, сите останати котирани компании, во ноември имале пазарна капитализација од 734 милиони евра.
Пазарната капитализација на сите котирании компании заедно изнесува 3,3 милијарди евра, што е за само за 1,8 отсто помалку од претходниот месец.
Компанијата на Илија Гечев, пак, ИГМ Трејд, за кој изби податок дека неговото богатство се искачило над една милијарда евра, не котира на берзата, која не е и акционерско друштво, па затоа за неа не можат да се најдат податоци на берзата за нејзината пазарна капитализацијја.
