Заразени се деца и возрасни во два кампа во Грција
Koронавирусот се шири во кампови во Грција.
Најмалку 40 деца и неколку возрасни во два летни кампови во северна Грција и Крит се позитивни на коронавирусот. Заразени има во камп во регионот Ханија на западен Крит, каде се инфицирани повеќе од 30 деца и одреден број вработени, објави весникот „Катимерини“. Летниот камп ќе се затвори до 15 јули и ќе биде потребен негативен брз тест од сите деца кога повторно ќе се отвори.
Втората епидемија е на северот на Грција, во регионот на Халкидики, каде биле заразени 14 тинејџери. Децата на возраст меѓу 13 и 17 години родителите веднаш ги зеле од кампот. Официјални лица од кампот изјавија дека испразниле шест единици во кои се сместени заразените деца.
Деновиве на дневно ниво Грција имаше и над 2.000 заразени.
