Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАРАДИ КАВГАТА СО УКРАИНА: Русите навалија на српско свинско месо

ЗАРАДИ КАВГАТА СО УКРАИНА: Русите навалија на српско свинско месо

Српскиот извоз на свинско месо во Русија е драстично зголемен. Причина - руско-украинската криза.

Ваквкиот развој ги направи среќни производителите на свинско месо во Србија, кои досега се соочуваа со забрана за извоз во Европската унија заради свинска чума. Ниту податоците дека оваа болест во Србија е искоренета не придонесоа за Унијата да ја крене забраната за увоз на свинско месо.

Но со избивањето на кризата во Украина, ситуацијата се промени. Русите веќе не можат да увезуваат свинско месо од оваа земја со која се во спор, а претходно заради појава на африканска чума во Полска го забранија увозоти од Европската унија. Затоа сега потенцијал најдоа во српскиотпазар и ова се покажа како добра можност за бизнис за српските производители.

Според податоците на Светската трговска организација, извозот на српско свинско месо во Русија во март вредел дури 1,6 милиони евра. Ова е огромно зголемување од 370 илјади евра во февруари и само 43 илјади евра во јануари.

Но, освен овие позитивни податоци, треба да се спомене и еден инцидент. Пред неколку недели, експертите на рускиот „Роселхонадзор“ пресекоа обид за шверц на свонско месо од Србија во Русија. Стоката била со фалсификувани документи и препакувана во хрватски и шпански фабрики. По ова, контролите на увезеното свинско месо од Србија се зајакнати, јави Гласот на Русија.

Слично

Поврзани вести