Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како руски компании ќарија на американски санкции кон Иран и Венецуела

ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како руски компании ќарија на американски санкции кон Иран и Венецуела

Американските санкции на Иран и Венецуела ја зголемија побараувачката за нафта во светот од Русија.

Тоа им овозможило на руските извозници дополнително да заработат најмалку 905 милиони долари, во период од ноември до јули, пресметала агенцијата Блумберг.

Пресметките на агенциите ја земаат предвид разликата меѓу трошоците на руската извозна нафта „урал“ и референтна вредност на „брентот“ за наведениот период во однос на петгодишниот просек, пишува Спутник.

Побарувачката за „урал“ нафта во регионот на Средоземјето се наоѓа на врвот во целата своја историја наведуваат аналитичарите.

Администрацијата на САД и воведе санкции на Венецуела кон крајот на јануари годинава, а против Иран се заострени во мај, иако првично стапија на сила во ноември минатата година.

Денес цената на нафтата од типот бренд порасна на 1,31 отсто и достигна 58,99 долари за барел.

Слично

Поврзани вести