ZARA не запира
По издавањето на првиот веб-сајт пред четири години Inditex SA презема целосна контрола над онлајн продажбата на својата водечка марка Zara. За да се зацврстат позициите во Кина, шпанската компанија за трговија на мало планира да се збогуваат со дел од профитот.
Следниот месец Zara ќе отвори онлајн продавница во Tmall, кинески веб сопственост на Alibaba Group Holding во кој компании како Nike, Burberry Group и Gap ја продаваат својата стока. Tmall кој го надмина Amazon.com, претворајќи се во најголемата онлајн продавница во Кина, работи со повеќе од 100 000 марки. Сајтот собира 0,5 до 5% од средствата собрани од продажба во платформата.
Zara е еден од најсилните западни синџири за малопродажба во Кина. Компанијата располага со 456 продавници во земјата. Но нејзиниот двегодишен сајт Zara.cn не присуствува дури во листата на 10-те илјади најпопуларни веб-сајтови во Кина. Од своја страна, Tmall фигурира под број седум, тврди компанијата за анализа на податоци Alexa.
"Трговците на мало кои сакаат да почнат да продаваат на интернет во Кина, избираат да го сторат тоа во Tmall заради поголема можност да стигнат до своите клиенти", коментира Џејми Мерима, аналитичар на Sanford C. Bernstein & Co. "Не станува збор толку за профитабилност, туку за можностите за проширување на уделот на пазарот ".
Alibaba собра 25 милијарди долари овој месец во Њујорк во рамките на најголемото ИПО во светот.
Истовремено Владата на САД ги повикува другите сајтови на Alibaba Group - Alibaba.com и Taobao.com да преземат мерки против продажбата на фалсификати. Tmall исто така сака да се справи со проблемот и за целта бара од трговците да остават парични депозити како гаранција дека нивните производи не се лажни.
Боб Кристи, портпарол на Alibaba, не е отворен за коментар на оваа тема.
Пред да започне работа со Tmall, се очекуваше продажбата на Inditex во Кина да се зголеми за околу 20% во наредните неколку години, покажува прогноза на Barclays. Банката не ја промени прогнозата, но нејзиниот аналитичар Кристодолус Чавиарас тврди дека зделката најверојатно ќе ја стимулира продажбата.
На Кина се паѓаат 8 отсто од продажбата на Inditex според Societe Generale SA. Шпанската компанија не ги открива податоците за продажбата во различни земји. Од своја страна, две од помалите нејзини брендови - Pull & Bear и Bershka, веќе се присутни во Tmall.
Иако Alibaba добива дел од профитот на Tmall, тоа им овозможува на трговците да ја контролираат сами работата со клиентите. Токму тоа го привлекува Inditex, тврди извршниот директор на мало Пабло Исла.
"Не е различно од онлајн продажбата во нашата сопствена веб страница, таа е како отворањето на продавница во трговски центар", коментира тој.
К.К.
Слично
