Запрена група на српски четници на границата со Македонија
Српски четници на чело со Братислав Живковиќ во понеделникот биле запрени на границата со Македонија, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Групата „Движење на четниците“ биле вратени назад од српските тајни служби (БИА). Членовите на групата сакале да ја преминат границата и да се упатат кон македонскиот град Куманово за да им „помогнат на државните органи во борбата против албанските сепаратисти“.
Во денешниот број на весникот стои објава „сопствена истрага“ за вооружениот судир во Куманово, во кој загинаа 8 полицајци, а 37 други беа повредени. „Албанските терористи кои го нападнаа Куманово имале десет команданти. Повеќето од нив се на слобода. Дел од нив се зад решетки, а другите биле убиени. Сите групи биле во врска со Даут Харадинај, братот на косовскиот политички лидер Рамуш Харадинај. Тие биле предводени од Малиќи Надрецаи.
Во групата имало и граѓани од Македонија, кои учествувале во нападот на полициската станица во Гошинце пред еден месец“, додава уште весникот и нагласува дека „групата имала за задача да го нападнат“ Камениот мостот во Скопје. „Информацијата за нападот во Куманово, која беше распространета од македонската амбасада во Загреб во голема мера се препокрива со информациите на српските тајни служби БИА“, пишува весникот.
