Запомнете го овој ценовник ако планирате патување: Ова се туристичките такси во 30-те најпосетувани градови во Европа
Покрај авионските билети и сместувањето, треба да ги земете предвид и туристичките даноци што ги наплаќаат многу европски градови. Овие износи варираат од неколку евра по ноќ во помали места, до повеќе од 15 евра по лице во луксузно сместување во главни градови како Париз. Подолу е даден преглед на туристичките даноци во 30-те најпопуларни европски дестинации, за да знаете колку ќе платите за вашиот престој.
Патниците треба да знаат дека даноците зависат од видот на сместување - од категоријата на сместување (хостел, апартман, хотел), а некои градови наплаќаат повеќе во екот на туристичката сезона. Обично се плаќа при регистрација за сместување, а многу градови ги ослободуваат децата или одредени групи од плаќање.
Амстердам (Холандија) – 12,5 проценти од цената на сместувањето;
Париз (Франција) – до 15,60 евра по лице, по ноќ;
Барселона (Шпанија) – четири евра по лице, по ноќ;
Венеција (Италија) – пет евра за дневни посетители или до 10 евра за резервации во последен момент;
Рим (Италија) – од три до седум евра по лице, по ноќ и
Фиренца (Италија) – од едно до пет евра по лице, по ноќ.
Виена (Австрија) – до 3,20 евра по лице, по ноќ;
Салцбург (Австрија) – до 1,75 евра по лице, по ноќ;
Берлин (Германија) – пет проценти од цената на сместувањето;
Хамбург (Германија) – до три евра по лице, по ноќ;
Будимпешта (Унгарија) – четири проценти од цената на сместувањето и,
Прага (Чешка) – 50 чешки круни (~1,97 евра) по лице, по ноќ.
Лисабон (Португалија) – две евра по лице, по ноќ;
Дубровник (Хрватска) – 2,65 евра по лице, по ноќ;
Атина (Грција) – 0,50 до 10 евра по соба, по ноќ, во зависност од категоријата на сместување и,
Милано (Италија) - од две до пет евра, во зависност од хотелот.
Атина (Грција) – 0,50 до 10 евра по соба, по ноќ, во зависност од категоријата на сместување
Букурешт (Романија) - два проценти на ден од цената на сместувањето;
Клуж-Напока (Романија) - 0,5 проценти на ден и,
Софија (Бугарија) - 0,50 - 1,50 евра по лице, по ноќ
Туристичките такси во Европа се задолжителен трошок кој често се занемарува при планирањето патување. Со однапред познавање на износите, можете подобро да го планирате вашиот буџет и да избегнете изненадувања при сместување во хотел или апартман, пренесува Каматица.
foto freepik.com
