ЗАПОМНЕТЕ ГО ИМЕТО ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН: Дали е таа современата Мајка Тереза?
Ленче Здравкин од Велес е една од најактивните хуманитарки во Македонија.Таа деновиве доби признание од УНХЦР за помошта што секојдневно им ја пружа на мигрантите. Таа е наречена „жената-ангел“ за бегалците на кои несебично им помага. Ленче има 48 години и живее непосредно до железничката пруга во Велес, а за да им помогне на мигрантите, таа својот дом го има претворено во магацин и во прифатен центар за мигранти. Еве дел од сторијата што Фактор ја нашрави за Здравкин неодамна:
Најочајна, вели била сликата кога мајки со нивните бебиња и мали дечиња, исцрпени, без познавање на ниту еден збор англиски за полесно да се разберат, со поглед ја молеле за помош. Таа слика раскажува Здравкин, неможе да ја заборави. Тие моменти вели направиле пресвртница во нејзиниот живот, па до денес секојдневно е на пат Велес-Гевгелија, да им помогне онака како што знае и умее.
“Неможев а да не реагирам на плачот на децата. Јас имам двегодишно внуче, кое го гледам во секое детенце меѓу мигрантите. Сочувствувам со нив и нивната судбина. Стравот во очите на дечињата и нивните мајки ме погодува најмногу. Несакам ниту да помислам како би му било на човек да се најде во иста ситуација со нив, дали тогаш би посакале некој нам да ни се најде во најтешките моменти. Нивната благодарност и солзите во нивните очи кои мислам дека никогаш не секнуваат, неможе да ве остават рамнодушен. Веќе со недели јас сум на релација Велес-Гевгелија. На домашните им кажав дека мора да помогнам, да бидам на терен, заедно со мигрантите. Тие имаат целосно разбирање, а јас сум среќна и исполнета бидејќи знам дека правам добрина. Тоа знаете, денеска е подзаборавено кај граѓаните, има навистина и многу хумани луѓе кои исто така помагаат на свој начин. Но не смееме да заборавиме дека големината на човекот е да помогне кога на друг му е најтешко. Во лесно и комфорно, сите знаеме како да живееме”-вели Здравкин.
Нивните судбини вели таа се очајни. Едно е она што се пренесува како информација, а друго е кога одблиску ќе се видат овие луѓе. Мигрантите објаснува, се заглавени во меѓузоната на јужната и на северната граница. Таму како што вели е најтешко и најхаотично.
“И по неколку дена се без храна и вода. Раскажуваат како им ги убивале најблиските, куќите им се срамнети со земја. Ужасите од војната оставаат големи трауми кај секој од нив. Сега бараат само начин како да избегаат од сигурна смрт. Нема што да изгубат, со едно ранче заминуваат да побараат мирен живот некаде далеку. Ние сме на крстосницата, да им помогнеме, онолку колку што можеме и умееме. Изгладнети се и истоштени, со рани по нозете,мајки со бебиња кои со денови не се избањати. Замислете го тоа на овие температури. Помагаме со храна, вода и хигиенски средства, облека. Барем за миг да ги заборават тешкотиите, препреките кои им стојат на патот”-објаснува Здравкин.
целата сторија ТУКА
Слично
