Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнуваат обуките за претприемништво

Започнуваат обуките за претприемништво

Од денеска стартуваат обуките за претприемништво кои се дел од програмата за Самовработување, како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Обуки за претприемништво денеска започнаа во шест Центри за вработување, и тоа во: Скопје, Тетово, Велес, Гостивар, Прилеп и Кочани.

Селектираните кандидати ќе ги посетуваат обуките во групи во времетрање од четири дена.

Обуките за претприемништво ќе траат до 05.07.2018 година и ќе се спроведуваат во сите Центри за вработување во Македонија. Со овие обуки ќе бидат опфатени вкупно 1518 селектирани учесници.

Обуките ќе се одвиваат во работните клубови на Центрите за вработување, а ќе се спроведуваат од страна на надворешни консултанти.

Овие обуки за претприемништво имаат за цел да ја подобрат подготвеноста за работа на учесниците, да ги развијат индивидуалните капацитети за претприемништво и да поттикнат и мотивираат отпочнување на бизнис.

По завршување на обуката ќе се врши оценување на кандидатите кои пополниле и доставиле пополнет образец - Опис на бизнис идеја.

Оценувањето се врши од страна на консултантите и координатори на програмата, вработени во Центарот за вработување, согласно претходно утврдените критериуми. Потоа работна група ќе подготви ранг листа на селектирани бизнис идеи и дополнителна резервна листа на кандидати.

Најдобро рангираните кандидати ќе се вклучат во следниот чекор, поддршка за подготовка на бизнис план и со тоа ќе бидат чекор поблиску до остварување на нивната посакувана идеја за сопствен бизнис.

Со оваа програма годинава е планирано да бидат вработени 1176 лица во ново-основани правни субјекти.

Финансиската поддршка  која ја добиваат лицата за отворање на сопствен бизнис  е од 246.000 до 307.500 денари или до 615.000 денари доколку се основа субјект од два содружника.


Слично

Поврзани вести