Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува квотното распределување на мигранти во земјите на ЕУ

Започнува квотното распределување на мигранти во земјите на ЕУ

Почнува квотното раселување на мигрантите во земјите од Европската унија.

Првите опфатени со шемата, ќе бидат 16 еритреици кои ќе бидат префрлени од Италија во Шведска.

Во меѓувреме, ЕУ се залага да им помогне на балканските земји и соседите на Сирија, кои се погодени од бегалскиот поток кон Европа, а истовремено ја побара нивната соработка за споделување на товарот од миграционата криза.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини апелира да се најдат "заеднички одговори и заеднички решенија на еден општ предизвик".

Таа упати повик на конференцијата на ЕУ во Луксембург со учеството на земјите од Западен Балкан, Турција, Либан и Јордан.

Во завршната декларација ЕУ ветува поголема финансиска помош, но и сака да се отворат нови регистарски центри, да постои ефикасна гранична контрола и да се води борба против организираниот шверц на луѓе.

Според податоците на ОН од почетокот на годината по "Балканскиот пат" во Европа пристигнале 428 000 луѓе. Се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа дали да ја одобри европската морска операција, чија цел е да бидат пресретнувани бродови и уапсени шверцери на луѓе во меѓународните води меѓу Италија и Либија.

Слично

Поврзани вести