Започнува електронската пререгистрација за здравствено осигурување
Невработените и лицата со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги. Крајниот рок истекува на 31 март, а дотогаш се очекува да се пререгистрираат 243.000 осигуреници.
Пререгистрацијата ги опфаќа лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања, како и лицата кои првпат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.
Лицата од овие категории треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година.
Пререгистрацијата, како што посочуваат од Фондот, ќе продолжи и по 31 март, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување, па нема да бидат во можност да користат одредени здравствени услуги на товар на осигурувањето.
Слично
