Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува дебатата за либерализирање на трговијата со дијаманти во Македонија

Започнува дебатата за либерализирање на трговијата со дијаманти во Македонија

Денеска започнува собраниската дебата за либерализацијата на трговијата со дијаманти во Македонија во рамки на комисијата за европски прашања. Ќе се расправа за Предлог-закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени скапоцени камења.

Ова законско решение е дел од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и е со европско знаменце, а го предложува Владата преку министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот заменик Кире Наумов.

Со овој закон се yредуваат условите под кои може да се врши увоз, извоз и транзит на необработени дијаманти во Македонија, надлежностите на државните органи во контролата на увозот, извозот и транзитот, сертифицирање на необработените дијаманти во т.н процес Кимберли.

„Процесот Кимберли“ претставува меѓународна шема за сертифицирање со која се  регулира трговијата со необработени дијаманти. Воспоставена е во заедничка соработка со држави, невладини организации и претставници од индустријата со дијаманти заради спречувањe финанисрање на некои од најкрвавите конфликти и граѓански војни во Африка, преку експлоатација и трговија со необработените дијаманти, познати во меѓународната јавност како “конфликтни дијаманти – стои во предлог законот.


Слично

Поврзани вести