Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна со работа РЕК Осломеј, од четврток се вклучува ТЕЦ Неготино

Започна со работа РЕК Осломеј, од четврток се вклучува ТЕЦ Неготино

АД ЕСм информира дека од денес, па во следните триесетина дена на Блок 1 во РЕК Битола ќе се врши ремонт и ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.

Истовремено денеска во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.

„Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период.

Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ“, објави АД ЕСМ.

По завршувањето на ремонтот на Блок 1, во РЕК Битола планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември.


Слично

Поврзани вести