Започна со работа канадската OneContact, ќе ангажира 200 вработени
Канадската компанија OneContact започна со работа при што се очекува да ангажира 200 лица во наредниот период кои ќе работат во центарот за јавувања. За инвестицијата се пофали екс премиерот Никола Груевски кој смета дека економската политика на владата и неговата партија биле клучни во придобивање на компанијата
„OneContact е компанија со растечки планови за проширување на повеќе светски пазари, а преговорите со неа траеа околу две години. Првиот контакт го остваривме на бизнис форумот во Торонто, каде низ еден подолготраен процес на планирање и договарање се дојде до реализација на оваа инвестиција“, соопшти Груевски.
OneContact веќе го активираше и веб сајтот со „mk“ домен каде се уште нема приказ на македонски јазик на услугите кои ги нуди. Станува збор за компанија насочена кон интернационалниот пазар за развој и асистенција при користење на софвтер.
