Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна со работа фабриката „Кромберг и Шуберт“

Започна со работа фабриката „Кромберг и Шуберт“

Фабрика на германскиот гигант „Кромберг и Шуберт во индустриската зона „Жабени“ денеска официјално почна со работа.

Инвестицијата проценета на 20 милиони евра, треба да овозможи 3.500 нови работни места.

Фабриката содржи четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а производите ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили БМВ,  Ауди...

Премиерот Никола Груевски на свеченоста истакна дека Владата направила се што е во нејзина можност да ја подготви индустриската зона „Жабени“ и да излезе во пресрет на барањата и потребите на инвеститорот

- Резултатот од таквите активности беше позитивен бидејќи во конкуренција на многу држави германската компанија го потврди својот интерес и ја избра токму Македонија да биде дестинација за нивната инвестиција вредна над 20 милиони евра, рече Груевски.

Според него, значењето и придобивките од влезот на „Кромберг и Шуберт“ во Македонија се неспорни и повеќекратни,  бидејќи обезбедува нови работни места и ќе придонесе за зголмување на извозот.

Слично

Поврзани вести