Почна продажбата на станови за 1.000 евра квадрат во Битола
АД за стопанисување со станбен и деловен простор од денеска ги известува сите заинтересирани правни и физички лица (домашни и странски) дека огласува комерцијална продажба на станбен простор и гаражни места во Битола по пат на усно позитивно јавно наддавање.
Станува збор за 65 станови, за кои министерот за транспор Александар Николоски рече дека почетно ќе чинат по 1.000 евра квадрат. Повеќе информации може да се најадат на следниот линк што го објави АДСДП.
https://adsdp.com.mk/.../%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81.../
Во јануари Владата на седница усвои одлука дека 65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за метар квадратен, 11 дуќани по 2.000 евра за метар квадратен и 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен
Николоски тогаш рече дека со ова се прави интервенција на пазарот за недвижности во Битола и „запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови“, како и тоа дека очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следи. Според министерот, почетната цена е за 30-40 отсто пониска.
Според него на овој начин ќе се стави крај на уцените на градежниците кои го продаваат станбениот квадрат по цени кои не соодвејствуваат со стандардот на македонските граѓани. Битола е еден од градовите каде што има поголема побарувачка на станови.
Камен темелник на зградата се удри лани во ноември, кога беше посочено дека рокот на изградба на зградата, која има површина од 3.900 м2, е 20 месеци.