Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна постапката за продажба на „Раденска“

Започна постапката за продажба на „Раденска“

Почна постапката за продажба на „Раденска“, најголемиот словенечки производител на минерална и изворска вода, потврдија од „Пивоварна Лашко“. За купување на компанијата заинтересирана е чешката фирма “Кофола“, што е во мнозинска сопственост на грчката компанија „Самарас“. Информацијата ја потврдил и претседателот на управата на “Кофола“, Јанис Самарас.

Советник за продажба е УниКредит банка, со која договорот веќе е потпишан и која наскоро ќе подготви меѓународен тендер.

Постапката за продажба ќе почне најкасно на почетокот на септември. Претседателот на “Пивоварна Лашко“, Душан Зорко изјавил дека за “Раденска“ се заинтересирани и други купувачи, но засега нема да се објавуваат нивните имиња.

.

Слично

Поврзани вести