Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна истрагата против ХСБЦ банката од Швајцарија

Започна истрагата против ХСБЦ банката од Швајцарија

Обвинителството на Швајцарија денеска започна истрага во експозитурата на британската ХСЦБ банка, како дел од истрагата за перење пари на оваа финансиска институција.

Од канцеларијата на обвинителот во Женева изјавиле дека истрагата е од реакциите на медиумите кои известуваа дека швајцарските филијали на ХСБЦ банка, втори по големината комерцијални банки во светот, им помагала на богатите клиенти ширум светот да го избегнуваат плаќање на милионски данок криејќи ги тајните сметки.

Соред законите во Швајцарија, казните за перење пари се многу сриозни отколку за помагање на странски клиенти да избегнат данок вон државата.

Откритието дека има повеќе од 119 милијарди долари во тајните банкарски сметки во ХСБЦ банка во Швајцарија, и онлајн објавата околу 60 000 тајни фајлови со деталите на клиентите во ХСБЦ банка, вклучувајки и меѓународни криминалци, бизнисмени, политичари и славни личности.

Овие фајлови од банката во 2007 година ги украл еден експерт за компјутерска безбедност и ги предал на властите во Франција, предизвикувајќи кривична истрага во неколку земји.

Слично

Поврзани вести