Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна интензивна промоција на македонскиот туризам

Започна интензивна промоција на македонскиот туризам

Со традиционална македонска музика, дегустација на вино, и наградни игри започна промоцијата на македонскиот туризам пред бугарските граѓани во Софија.

Огранизатор на „Денови на македонскиот туризам“ во Софија е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ).

Овие промотивни денови се прават со цел да го зголемат бројот на туристи од сеседството и да се афирмира почнатата туристичка сезона, да се претстави туристичкиот производ од Македонија и можноста за зголемување на бројот бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја.

Од агенцијата велат дека ваквите активности се корисни за развој на туризмот, и позитивно се одразуваат на зголемување на бројот на туристи кој во последните години е зголемен за 15 проценти.

Дел од промоцијата се и наградните игри, во кои најсреќните ќе добијат автентични производи од Македонија, охридски бисери, филигран со македонски рубин и викенд во Охрид за двајца.

Слично

Поврзани вести