Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна „Часот на планетата Земја“, дали ги изгаснавте светилките?

Започна „Часот на планетата Земја“, дали ги изгаснавте светилките?
Од 20:30 часот по македонско време по осми пат започна глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“. Милиони луѓе од целиот свет ќе ги изгаснат светлата во текот на еден час, како симболичен гест за подигнување на свеста за климатските промени. Акцијата трае до 21:30 часот, а кон неа се приклучува и Македонија. Според претставниците на „Earth Hour Macedonia“, во нашата држава ќе биде исклучено осветлувањето на повеќе локации во Скопје, меѓу кои плоштад Македонија, Кале, Камен мост и Скопје Сити Мол, како и Канео и Самуиловата тврдина во Охрид. Иницијативата ја поддржаа и повеќе компании кои исто така во текот на еден час ќе штедат енергија. Иницијативата има за цел да ја изрази загриженоста за иднината на Земјата и за ефектите на глобалното затоплување.
Слично

Поврзани вести