Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запленети над 128 милиони евра од криминална активност во Албанија - случајот се поврзува со проектот „Зврнец“

Запленети над 128 милиони евра од криминална активност во Албанија - случајот се поврзува со проектот „Зврнец“

Со судска одлука во соседан Албавнија запленети се скоро 130 милиони евра, средства кои се предмет на истрага, јавуваат тамошните медиуми. 

По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал во соседна Албанија спроведена е  голема операција против структурирана криминална група, осомничена за трговија со дрога, а парите добиени од криминална активност биле перени од неколку бизнисмени, кои поседуваат значителен дел од земјиштето во Зврнец. 

- Според судската одлука од 10 јуни, изрече е превентивна заплена од над 128,3 милиони евра како дел од истрагата за случајот Зврнец, кои биле префрлени на сметката на нотарката Амела Мукај, и биле искористени при три продажби на земјиште во Звернец. 

Средствата биле префрлани од сметките на компанијата „Albanian Land Development”, чиј управител е Реди Струга - објавија медиумите.

По прислушувањата спроведени од СПАК, во кои се документирани разговори меѓу членовите на криминалната група на двајцата браќа Кочеку, кои биле клучни за покренување на истрагата и откривање на мрежата за перење пари во овој случај, пренесуваат медиумите. 

- Компанијата „Албаниан Ленд Дивелопмент“ играла улога на посредник со компаниите на браќата Ал-Кајат од Катар, за која, постојат основи на сомнение  дека само формално фигурира како инвеститор на луксузниот ресорт во Зврнец, кој треба да го гради Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, кого албанската Влада пред две годни го прогласи за стратешки инвеститор - наведуваат медиумите.

Меѓу уапсените е и Оргест Бичај, кој е сопственик на една од најважните компании за луксузни автомобили, „Топ Севен“. Се дознава дека автомобилите на дотичната компанија се запленети од СПАК, во врска со истраги за перење пари. 

Слично

Поврзани вести