ЗАПАЛЕНАТА ЈАХТА ПОРАНО БИЛА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА: Кој е новиот сопственик Ѕвонко Веселиновиќ и на каква листа се најде?
Јахтата по име „Сара“, која синоќа беше оштетена од пожар во пристаништето Навара во Црна Гора, некогаш му припаѓала на Светозар Маровиќ, поранешен претседател на Србија и Црна Гора.
Но, како што дознава српскиот медиум Нова, споменатата јахта од Маровиќ ја купил Звонко Веселиновиќ по што била крстена „Кензо“, пишува Телеграфи.
Веселиновиќ е еден од контровезрните бизнисмени за кои беа воведени санкции од САД. На листата се други десетина поединци и субјекти низ Европа и западната хемисфера, насочени кон организирана криминална група со седиште во северно Косово.
Покрај него на списокот се и неговиот брат Жарко Веселиновиќ, потоа Жељко Бојиќ, Милан Михајловиќ, Синиша Недељковиќ, Радован Радиќ, Милан Радисављевиќ, Милојко Радисављевиќ, Милан Радојчиќ, Марко Росиќ, Радуле Стевиќ, Миливое Вуловиќ.
Групата е обвинета, меѓу другото, за договарање со политичари за да им помогне да победат на изборите и да им обезбеди финансиска поддршка.
Како што беше кажано, за возврат, политичарите ќе им дадат на браќата најдобри инфраструктурни договори и контрола на одредени области за нивните бизниси.
