Западот печали, Истокот губи од работната миграција во ЕУ
Емиграцијата на млади работници од Источна Европа може да создаде маѓепсан круг, замирање на економијата во нивните родни земји и дополнително зајакната економија на побогатите западноевропски земји, наведува електронското издание на весникот „Фајненшл тајмс“.
По падот на железната завеса во почетокот на 90-тите години од минатиот век, последната четвртина век беше обележан со значителен миграциски прилив Исток-Запад, кој зафати речиси 20 милиони луѓе или 5,5% од населението на Централна и Источна Европа, потсетува АФП.
Масовното напуштање на Источна Европа, односно зона од 20 земји - од Естонија до Албанија, го намалило реалниот економски раст на овие земји во просек со 7 процентни поени.
Во исто време парите испратени дома од емигрантите довеле до тоа роднините во матичната земја да не мора да бараат работа.
Експертите на ММФ советуваат земјите кои имаат проблеми со емиграцијата да ги зајакнат институциите и да ја подобрат економската политика, за да ги поттикнат граѓаните да останат.
