Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заостануваат економиите на земјите од Западен Балкан

Заостануваат економиите на земјите од Западен Балкан
Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, оценува дека економиите на земјите од Западен Балкан, заостануваат зад останатите некогашни комунистички земји, а најголем проблем со кој се соочуваат е невработеноста. Од ММФ посочуваат дека приоритети за Македонија треба да бидат инфраструктурата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар, здравството и образованието во кои се потребни реформи. ,, Мора да ги задржат добрите нешта: ниска инфлација, и понатаму мора да работат на контрола на фискалниот дефицит и над се потребни се реформи. Треба да се продолжи либерализацијата на економијата”- изјави Пол Томсен, директорот за Европскиот оддел во ММФ. Во извештајот се напоменува дека Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија мора да го завршат процесот на реформи и транзиција, кои според ММФ се ограничени дури и поради политичките релации. ,,Она што е разочарувачки е темпото на структурните реформи предизвикани од комбинација од фактори како што се заморот од реформи, отпорот поради разни интереси, тешките политики кои ги ограничуваат реформските напори и се уште нереализираното членство во Европската Унија” – стои во извештајот. Подобрување на животниот стандард, зголемување на вработеноста, намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг и инвестирање во сектори што ќе го зголемат извозот, се клучните пораки што денеска ги испратија претставниците на ММФ.
Слично

Поврзани вести