Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Зани“ организира протест во Куманово за убиството на Алмир

„Зани“ организира протест  во Куманово за убиството на Алмир

Невладината организација „Зани“ (Глас) денeска во Куманово ќе организира протест  поради убиството со газење на четиригодишниот Алмир Алиу.

Протестниот марш е под мотото „За правда“, а организаторите бараат целосно расветлување на случајот со малиот Алмир.

„Овој протест се одржува со намера да се крене гласот против сите оние кои се обидуваат да ја убијат нашата иднина, нешто што никогаш нема да го дозволиме. Секој кој извршил такво дело треба да бидат казнет со максимална казна“ - стои во повикот за протестот.

Двете  семејствата вчера апелираа  на немилиот настан да не му се дава етнички карактер.

До трагедијата дошло кога во Здравствен дом Куманово дошло до банална расправија, таа продолжила и пред установата по што кумановецот ги прегазил со мерцедес трите члена од семејството. Од повредите детето почина во Скопје.

Протестот во 15 часот ќе почне во Куманово.

Слично

Поврзани вести