Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врховниот суд го замрзна имотот на Субрата Рој, тој не смее да излезе од Индија!

Врховниот суд го замрзна имотот на Субрата Рој, тој не смее да излезе од Индија!
Врховниот  суд во Индија донесе одлука - на шефот на компанијата Сахара Груп и на директорите на неговите компании, не само што им забрани да ја напуштат земјата, туку судот дополнително, им забрани да продаваат било каков имот во наредниот период. Судот донесе ваква наредба по неуспехот на компанијата на Рој ,”Сахара груп”, да ги испорача тапиите за своите имоти во вредност од околу 4 милијарди долари, на регулаторното тело СЕБИ. Компанијата “Сахара Груп” оваа обврска требаше да ја исполни до 28 октомври. Врховниот суд пред околу три недели и нареди на  "Сахара Груп" и СЕБИ да изнајдат механизам, групацијата  да врати 4 милијарди евра на измамените инвеститори. -Нашата наредба не е испочитувана. Затоа ние директно и посочуваме на Сахара да не ги  распродава недвижните и подвижните имоти се до нашата следна одлука, изјавија судиите К.С Радхакришан и Ј.С Кхерар. Како што пренесува Фајненшл експрес, од судската говорница јасно било кажано дека забраната важи за сите компании на Сахара Групацијата, кои ќе бидат повикани на сослушувања, кога ќе ја испочитуваат судската одлука. - Важно е тоа да го разбере Сахара Груп, бидејќи јасно гледаме дека нашиот налог не е испочитуван. Прво да видиме дека ги депонирате имотните листови, а потоа и вас ќе ве слушнеме. Додека вие не постапите во согласност со нашите  наредби, нема да има сослушување, ова судиите му го соопштиле на адвокатот на “Сахара Груп” С.А Сандарам. Адвокатот  Сандарам настојувал да ги убеди судиите дека компанијата до регулаторното тело СЕБИ ја доставила документација со тапиите која ја поседуваат, но судот на ова одговорил дека доставеното дело не е прифатливо. Уште пред три недели кога Врховниот суд најави дека на бизнисменот и директорите ќе им забрани излез од државата доколку не ја испочитуваат судската одлука,  компанијата на индискиот бизнисмен Сахара груп  побара промена на одлуката на судот кој даде налог за забрана Субрата Рој и неговите двајца директори да ја напуштат земјата, се додека не ги  достават оригиналните тапии за своите имоти во вредност од околу 4 милијарди долари.Овие тапии требаше да го покријат износот кој што Сахара груп треба да го даде на индиското регулаторно тело СЕБИ. И покрај скандалите, нема опасност за реализацијата на инвестиците на Рој во Македонија Индискиот бизнисмен Субрата Рој најави милионски инвестиции во Македонија. Тој  купи дел од  земјиштето од најголемиот агрокомбинат Џумајлија, и најави инвестиција вредна 211 милиони евра. Според договорот потпишан со министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, е обврзана во првите 18 месеци да донесе 8.000 грла крава , а за три години 20.000 крави. Во млекарницата што ќе ја изгради, според договорот дневно треба да се произведува по 80.000 литри млеко. Исто така договорот предвидува вработување на 900 лица во првите 18 месеци, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2.000 вработени. Земјиштето му е доделено под концесија во рок од 15 години, а за закупот треба да и плаќа на државата годишно 121.000 евра. Според најавите првата жетва ќе биде во мај следната година, а веднаш потоа ќе се набават и првите грла крави. Бизнисменот Рој најави и милионска инвестиција во ексклузивни туристички комплекси во Охрид, односно Љубаништа. На почетокот на минатиот месец Рој претстојуваше во земјава како организатор првиот Сахара балкански мировен фестивал, а настанот кој траеше неколку дена, беше спектакуларно одбележан на плоштадот Македонија во присуство на целата владејачка гарнитура. Индискиот бизнисмен има посебно место во Македонија, па дури двајцата негови синови веќе добија македонски државјанства, но Рој сеуште нема поднесено вакво барање. Македонската влада верува во намерите на бизнисменот Рој, па и покрај скандалите што го тресат индиецот во неговата матична земја, македонските власти уверуваат дека тоа нема да влијае врз реализацијата на неговите инвестиции во земјава. Ј.С 
Слично

Поврзани вести