ЗАМИСЛЕТЕ ДА НЕ ГО ДОГОВОРЕВ ТОА СО ПУТИН - Вучиќ говори како Србија доби гас по шест пати пониска цена
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за актуелни теми на ТВ Пинк.
Вучиќ прво се осврна на горливото прашање - енергијата. Да потсетиме, претходно денеска се одржа средба на државниот врв и лидерите на енергетскиот сектор.
Претседателот Вучиќ на почетокот рече дека цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.
„Во некои други земји слушате 40 отсто поскапување на струјата, двојно зголемено... БиХ, Македонија и Албанија... Сите што имаат помали плати од Србија, или Бугарија, што е на наше ниво, имаат повисоки цена на струјата. Да не зборуваме за гасот „...
„Само Украина и Грузија имаат пониски цени на струјата за домаќинствата од Србија.
Зборувам за цената на струјата и гасот, мазутот, количествата што недостасуваат. Ние немаме доволно количини, тоа сега се испостави. Штом почнат студените денови не можеме целосно да ги задоволиме нашите потреби. Ни се случува, како и на некои други „совршена бура“. Тоа некои не сакаат да го признаат, но ние ништо нема да криеме од граѓаните, заедно ќе ги решаваме проблемите“, рече Вучиќ.
„Има работи што ме лутат кај некои луѓе, пред се сум лут на генералниот директор, но и на сите останати во системот. Сега зборувам за тоа како експерт и зошто воопшто морав да се занимавам со тоа“, рече Вучиќ.
„Имаме шест милиони кубни метри гас дневно обезбедени порано, а денес ни требаат девет до десет, ги добивме за 270 евра за илјада кубни метри. Денес на берзата има цена од 1.700 евра, а ќе оди на 1.800 евра! Значи, имаме повеќе од шест пати пониска цена. Замислете да не го договорев тоа со Путин“, рече Вуќиќ.
Извор и фото: Курир.рс
