Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заминувањето во Германија е со размери на егзодус

Заминувањето во Германија е со размери на егзодус

Здравствените работници масовно заминуваат во Германија, а се претпоставува дека нешто помалку од 2000 годишно ја напуштаат Србија и тоа се најдобрите кадри. 

Ранка Јешиќ, претседателка на Комората на медицински сестри од Војводина раскажува дека голем е одливот на Блискиот Исток, во Катар, Саудиска Арабија, а заминувањето во Германија е со размери на егзодус. 

Јешиќ објаснува дека причина за заминување се малите плати, неплатените дежурства, прекувремени работни часови и немање на шанси на напредок. 

На Германија ѝ требаат 10.000 медицински сестри, а дел од нив заминуваат и со своите семејства. 

Лани на медицински лица од Војводина се издадени 152 серитификати за да можат да бараат работа надвор од Србија. 

Многу од нив ја избираат Германија затоа што нострификацијата е олеснета. 

Ова скапо ќе ја чини Србија каде ќе падне квалитетот на здравствени услуги, а моментално се бараат сè повеќе професори за германски јазик затоа што многу луѓе го учат јазикот за да се преселат во Германија. 

Слично

Поврзани вести