Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заминала од БиХ и за една недела се вработила во Келн

Заминала од БиХ и за една недела се вработила во Келн

Иако по завршување на образованието нашла работа во БиХ, со солидна плата, Ивана Брдара сакала нешто повеќе и тоа го нашла во Германија. 

Таа е млада градежна инженерка која по завршување на студиите веднаш се вработила во една од најмоќните компании во БиХ и земала надпросечна плата. 

Девојката се отселила во Дизелдорф, кој го доживувала како свој град. 

„Сараево е мој град и се радувам секогаш кога одам таму, но по два-три дена сакам да се вратам во Дизелдорф. Овде е уредено, се планира, се почитуваат правила, има шанса за усовршување. Учам нов јазик, квалитетот на живот е подобар и мене лично ми одговара“ - вели таа. 

Брдара вели дека многу аномалии во БиХ за неа биле причина да ја напушти земјата. 

Дала отказ и учела германски јазик шест месеци, по 4-5 часа дневно. 

Девојката за една недела нашла работа во Келн и сега работи во компанија со 800 инженери. 

Сепак, вели дека јазикот од курс и оној кој се применува не е ист, а посебно стручната терминологија. Се случувало половина од она што го слуша да не го разбере и затоа морала да совлада и многу стручни термини. 

Брдара објаснува дека искуството од Сараево за неа било еден голем плус при барање работа во Германија. 

Додава дека Германците ги ценат инженерите од БиХ и со нив имаат позитивни искуства. 

Слично

Поврзани вести