(ВИДЕО) Заминала да предава во село на две деца и вели дека тоа и е најдобра одлука
Ана Леков по 30 години работа во градот, решила да замине во селото Трнски Одоровци, каде предава на две деца, едно во прво и едно во второ одделение, пишува српски Блиц.
Леков вели дека таму не е по казна, и дека одлуката да работи во ова планинско село со помалку од 100 жители за неа е најдобрата одлука во животот.
„Мештаните ми велат „сите одат чекор напред, а ти чекор назад“, но ја не сметам така“, вели таа.
За многу луѓе ова е деградација, но таа со сопругот се вратила во викендичката каде претходно го поминувале одморот.
Вели дека враќањето во природа и на село за неа е лек.
фото Блиц
Слично
