Заминал во Германија, но се вратил разочаран
Марко Багариќ од Томиславград, БиХ заминал во Германија по завршување на средното училиште, но по половина година се вратил разочаран.
Живеел во Минхен, но сфатил дека не е задоволен и се вратил дома.
„Живеете работна недела од понеделник до петок која асоцира само на работа, на доаѓање дома, на спиење, будење и пак работа. Петок, сабота и недела излегував, но живеев од плата до плата“ - вели тој.
Но, објаснува дека му се допаѓа тоа што со 20 години секој се смета за возрасен, и никој не префрла ако си ја работите работата како што треба.
За шест месеци сменил шест работни места.
Ова младо момче вели дека ќе остане во БиХ, ќе студира, ќе се гради како личност и ќе биде со своите.
Слично
