Економија, финансии, бизнис

Контакт

Замина Хајндл, доаѓа Нуланд: Чекор напред, три назад!

Замина Хајндл, доаѓа Нуланд: Чекор напред, три назад!
Македонските политички претставници како да си играат криенка миженка со меѓународната заедница. Изминативе и следниве денови сме сведоци на засилено меѓународно посредништво во обид да се помогне решавањето на кризата. Хајндл е се уште не заминат, а какви резултати ќе донесе неговата мисија? Бездруго Хајндл си ја тера својата агенда. Избори треба да има наесен, ама со исполнети услови. Ова е секако првиот јасен сигнал на Германецот. „Парламентарните избори треба да се оддржат пред 2018 година но претходно мора да се обезбедат услови изборите да бидат фер и демократски, изјави германскиот пратеник Јоханес Хајндл во интервјуто за телевизија Алсат М. Според него, поважно од датумот на избори е постигнување консензус во наредните неколку седмици пред летните одмори, за двете клучни прашања, односно, избирачкиот список и медиумите. Во однос на медиумите, Хајндл изјави дека тоа е комплексна тема и порача дека ако партиите не успеат да се договорат, тогаш тие би можеле да се повикаат на совет и експертиза на меѓународни експерти“ изјави Хајндл. Груевски не се ни сретна со пратеникот на Меркел. Бил на одмор, на свадба во Италија, соопштија од партијата. Доаѓа Нуланд. Според Твитерот на амбасадорот Бејли администрацијата во Вашингтон е лута поради пропагандата во Скопје насочена кон САД. Кога се лути Американците тоа не се добри вести за соговорниците. А Груевски тешко да избега од средбата со Нуланд. Како и да е клучниот потег ќе го има токму екс премиерот, веројатно ќе биде притиснат да повлече потези кои дополнително ќе му ја ослабнат партиската позиција, особено што доаѓањето на Нуланд, судејќи по дипломатскиот речник од Бејли ќе мора да вроди со некои резултати. Очекувано, тие би биле, решен список и медиуми, избори во ноември и Влада веднаш? Дали ова ќе биде доволно? Секако не, во Македонија проблемот е волјата на партиите, пред се на оние во власта. На секој чекор напред, со некој потег враќаа три назад. Затоа очекувајте уште многу многу меѓународни емисари.  
Слично

Поврзани вести