Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМЕНИЛЕ ИДЕНТИТЕТИ ВО БОЛНИЦА: Семејството погребало погрешен човек, а нивниот потоа се вратил жив

ЗАМЕНИЛЕ ИДЕНТИТЕТИ ВО БОЛНИЦА: Семејството погребало погрешен човек, а нивниот потоа се вратил жив

Жив човек прогласиле за мртов во словенечка болница во градот Целје, a семејството погребало погрешен човек.

Таму е сменет идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот починал, а другиот останал жив. Грешката е откриена дури кога преживеаниот пациент се вратил во домот за стари лица. Словенечката телевизија N1 јави дека двајца постари пациенти биле донесени со исто возило на брзата помош од ист дом за стари лица и со себе немале белезици за идентификација.  Министерот за здравство Бешич Лоредан изјави дека ова е прв ваков случај во Словенија. Словенечката полиција отвори истрага, а раководството на болницата понудило оставка.

Слично

Поврзани вести