Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Македонија ќе ја заврши 2025 година со 10,2 милијарди евра јавен долг, изјави заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.
Јанкуловски, меѓу другото, нагласи дека кога економијата расте, нормално е и јавниот долг да расте, но како што додаде, почитувајќи го буџетскиот дефицит.
„Јавниот долг до крајот на третиот квартал е 9,7 милијарди евра. До крајот на четвртиот квартал ќе биде 10,2 милијарди евра.
Но, кога зборуваме за јавниот долг, правилото е дека тој е поврзан со процентот од БДП. Кога економијата расте, нормално е и јавниот долг да расте, но почитувајќи го буџетскиот дефицит“, рече Јанкуловски.
Слично
