Замена на станови во германски град - помали за пензионери, поголеми за семејства
Низ цела Германија има недостиг од станови. Новата градба е сè уште недоволна за потребите, а кириите растат. Во Мајнц се обидуваат барем малку да го намалат притисокот во кризата со домувањето со атрактивна размена на станови.
Дури и во Мајнц, главниот град на покраината Рајнска област-Пфалц, важи правилото: кој има покрив над главата, се обидува да го задржи - дури и ако станот повеќе не ги задоволува неговите потреби. Сè помалку луѓе се селат во градот со нешто повеќе од 220.000 жители, пишува DW.
Комуналната станбена компанија „Мајнцер Вонбау“ управува со околу 11.000 станови.
„Моментално, само помеѓу 45 и 55 станови се откажуваат месечно“, вели директорот Роман Бекер.
Стапката на промена на закупците падна под шест проценти, што укажува дека пазарот за изнајмување станови речиси целосно запрел.
Покрај тоа, во Мајнц се градат премалку нови станови, па шансите за оние што бараат стан се влошуваат.
Затоа, Wohnbau Mainz почна нова програма наречена „Иднина дома 55+“. Постарите луѓе на кои им е потребен помалку простор, бидејќи нивните деца во меѓувреме се преселиле, ги разменуваат своите големи станови со млади семејства.
„Ние сме една од ретките компании за домување во Германија која им гарантира на станарите дека кога ќе се преселат во помал стан, моменталната цена на киријата ќе остане иста и дополнително плаќаме бонус за преселба од 1.500 евра“, објаснува Бекер.
На пример: стан со четири соби од 85 м² со кирија од 850 евра може да се замени за стан со две и пол спални соби од 65 м² со кирија од 650 евра, што носи годишна заштеда од 2.400 евра.
Дополнително, помалата квадратура значи помалку трошоци за греење, електрична енергија и друго.
foto Wikipedia/Martin Bahmann
