Економија, финансии, бизнис

Контакт

Залудни преговорите помеѓу Србија и Косово

Залудни преговорите помеѓу Србија и Косово

Новиот круг преговори помеѓу Белград и Приштина заврши по 17 часа без постигнување на договор, пренесоа локалните медиуми.

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека двете делегации, кои ги водеа разговорите во Брисел, не постигнале разбирање за ниту едно од прашањата.

„За жал не постигнавме договор по ниту една точка“, изјавил Вучиќ на излегување од зградата на Европската служба за надворешна политика. Тој исто така, истакнал дека двете делегации биле многу блиску до постигнување на консензус за создавање на алијанса на српските општини, една од четирите теми за кои било дискутирано.

Тој додал и дека има напредок и по прашањето за телекомуникациите, но и покрај тоа не е финализиран конечен договор.

Слично

Поврзани вести