Економија, финансии, бизнис

Контакт

Залет на компании со крипто-инвестиции, потребна ли е регулација?

Залет на компании со крипто-инвестиции, потребна ли е регулација?

Македонските компании формално не може да вложуваат во крипто-валути како биткоин ниту да ги користат како официјални валути во платниот промет. Сепак, со зголеменото корпоративно вложување во крипто-валути, се повеќе ќе се наметнува прашањето од потребата за регулирање на овој нов финансиски аспект, и можност компаниите да ги користат како средства за инвестиции и вложувања.

Биткоинот стигна до половина од некогашната рекордна вредност на 60.000 долари. Таквиот пад опоменува дека крипто-валутите не треба да се потценат и загубите може да бидат огромни. Сепак, пазарот на финансии се менува. Од пандемијата многу инвеститори очекуваа пад на вредноста на валутите поради економската криза, но од друга страна вишокот на средства во оптег благодарение на владините субвенции ја зголемија инфлацијата, како и вложувањата во финансиски инструменти, значително и во корпоративно инвестирање во крипто.

Кои компании поседуваат најмногу биткоини?

Најмалку 26 компании кои котираат на светските берзи поседуваат средства во биткоин. Големиот влог во криптовалути треба да им донесе алтернативна заработка и „складирање“ на средства во однос на вредноста на американскиот долар и промените на финансиските пазари.

Засега по значајното тонење на вредноста на биткоинот се чини дека дел од нив имаат тешки загуби во однос на почетната инвестиција, но повеќето од нив имаат стратегија на купување и чување на крипто-валутите играјќи на долг рок, истовремено „претркувајќи“ ја засилената инфлација.

Можеби ќе делува изненадувачки, но Тесла не е на врвот според бројот на биткоини на контото. Апсолутен лидер во ваков вид инвестиции е софтверската компанија МајкроСтратеџи која поседува над 120 илјади биткоини, или двојно повеќе од сите останати фирми. Проценките се дека од крипто-вложување досега МајкроСтратеџи има добивка од над 800 милиони американски долари.

МајкроСтратеџи е процената на пазарна вредност од 3,6 милијарди долари. Вкупната вредност на нивните биткоини е процената 4,4 милијарди долари, или 25% од вкупната пазарна капитализација.

Тесла поседува речиси 50 илјади биткоини и е во „плус“ од 250 милиони долари. Производителот на електрични возила иако најави се уште не прифаќа биткоини или други крипто-валути од купувачите што исто така влијаеше врз нивната вредност.

Компании кои вложиле во биткоини сега имаат осум пати поголема вредност на залихата, отколку при првичната инвестиции, но кај некои „профитната маржа“ е многу помала, додека пак некои од нив се и во чиста загуба според актуелните цени на биткоинот.

Х.С. 

фото freepik.com

Слично

Поврзани вести