Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКРЕПНУВАЊЕ ДО ГОДИНА: Германија ќе има рецесија најголема по Втората светска војна

ЗАКРЕПНУВАЊЕ ДО ГОДИНА: Германија ќе има рецесија најголема по Втората светска војна

Пандемијата на корона вирусот ќе предизвика најголема рецесија  ма германската економија, по Втората светска војна, изјави министерот за економија и енергетика, Петер Алтмајер.

-Германската економија доживува внатрешни и надворешни шокови. Ќе ја доживееме најлошата рецесија во историјата на Германија откако е обединета, изјави Алтмајер.

Тој оценува дека владата очекува пад на бруто домашниот производ од 6,3 отсто со ефект на мерките преземени да се спречи намалувањето на извозот и ширењето на епидемијата.

Според Алтмајер дури следната година економијата ќе порасне за 5,2 отсто, нагласувајќи дека ако полека ги отстрануваат економските и социјалните ограничувања, во вторите шест месеци од наредната година може да се очекува економско закрепнување во Германија. 


Слично

Поврзани вести