Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законски измени за ефикасна распределба на пасиштата

Законски измени за ефикасна распределба на пасиштата

Министерството за земјоделство соопшти дека измените и дополнувањата на Законот за пасишта влегуваат во завршна фаза. На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог за измени и дополнувања на Законот за пасиштата.

Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој Закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата.

Од ресорот за земјоделство ги повикуваат сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот на разгледување на овие измени и дополнувања и да ги остават своите коментари за подобрување на содржината на овој пропис.


Слично

Поврзани вести