Законски измени за ангажирање експерти за преговори со ЕУ
На почетокот на септември ќе бидат предложени неколку измени на законски решенија кои ќе овозможат брз влез на стучни лица во администрацијата со кои ќе се подобри капацитетот на институциите за преговорите со ЕУ. Ова го потврди Дамјан Манчевски, министерот за администрација и информатичко општество.
Според него, администрацијата има капацитет да одговори на процесот на скрининг кој започна неодамна, но дека клучниот ризик е немањето доволно капацитет и експерт за процесот на водење на преговорите со ЕУ.
“Мораме брзо да регрутираме стручни луѓе кои ќе бидат вклучени и ќе знаат како да ги водат преговорите”, рече Манчевски.
Слично
