Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законски измени во Словенија: И мажите и жените во пензија ќе одат на 65 години

Законски измени во Словенија: И мажите и жените во пензија ќе одат на 65 години
Со ниту еден глас против словенечкиот парламент го прифати законот за реформи на досегашниот пензиски систем со кој се предвидени построги услови за заминување во пензија. Новиот закон околу пензиското и инвалидското осигурување треба да стапи на сила на почетокот на 2013-та и со него се зголемува старосната граница за пензионирање на 65 години и за мажи и за жени. Законот предвидува и помлади осигуреници да се пензионираат доколку имаат 40 години работен стаж, но не и пред 60 години живот. Со новите реформи би требало следната година да се заштедат околу 150 милиони евра. Како што посочи министерот за труд и социјална политика Андреј Визјак, новиот систем ќе треба да овозможи пензиите повеќе да не паѓаат во однос на просечната плата.
Слично

Поврзани вести