Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Социјалците нема да плаќаат радиодифузна такса

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Социјалците нема да плаќаат радиодифузна такса
Меѓу неколкуте измени по скратена постапка на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што денеска веќе се разгледуваат во Собранието, е и предлогот во иднина корисницте на социјална и постојана парична помош трајно да бидат ослободени од плаќање радиодифузна такса. Според пресметките на Владата, со оваа одредба ќе бидат опфатени околу 34.000 корисници на социјална и 5.000 корисници на постојана парична помош. „Веднаш по стапувањето во сила на законот Министерството за труд и социјална политика постојано редовно секој месец ќе доставува база на приматели на социјална и постојана парична помош со цел ЈП Македонска радиотелевизија да не фактурира радиодифузна такса кон овие граѓани приматели на парична помош од страна на држава и кои реално се во најтешка состојба’, изјави министерот за труд и социјала Диме Спасов. Пресметките на Владата покажале дека наплатата на радиодифузната такса кај ранливата категорија граѓани е минимална, а трошоците кои би ги имала УЈП за тужби и присилна наплата од овие граѓани се поголеми од приходот што би се остварил во Буџетот.  
Слично

Поврзани вести