ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Надградба на куќи само со одобрение од општина!
Доколку сакате да ја надградите својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри а надградбата на објектот не е предвидена во планската документација наскоро ќе можете.
Овие законски измени се предвидуваат во Законот за градење што Собранието ги донесе на вчерашната седница, а мерката важи за куќи што се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани.
Прво што треба да направите е да поднесете барање за одобрение за градење до општината претходно изработен проект за градба, општината по сила на закон мора да ви издаде одобрение за градење и да дозволи да го надградите својот објект.
Министерот Владо Мисајловски истакна дека се работи само за надградба на куќа до 10 метри и 20 сантиметри висина, односно приземје, два ката и поткровје, а не доградба на објектот.
Надлежните потенцираат дека со оваа мерка ќе им излезат во пресрет на многу граѓани.
