Законски измени: Казна за возење со светла преку ден!
Возење со вклучени светла прекуден и поставувањето споменици, билборди и садници во близина на сообраќајни површини ќе станат минато. Исто така, забрането е и продавање производи покрај јавните патишта. Ова се однесува на местата каде што може да биде загрозена безбедноста во сообраќајот поради недоволна прегледност, предвидуваат новите членови во Законот за безбедност во сообраќајот, пишува Нова Македонија.
Задолжително затворање на вратите додека возилото е запрено, чистење на калта, употреба на светлата само ноќе, се дел од новините предвидени во новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата. Според најавите, тој денеска треба да се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Покрај прописите до кои треба да се држат возачите, има и одредени обврски што се укинуваат. Така, со предлог-законот повеќе нема да важи правилото за вклучени светла прекуден. Се предлага задолжителна употреба само во текот на ноќта и во дневни услови кога е намалена видливоста. Постапката за донесување на новиот закон започна минатата година, а оттогаш по реакциите во јавноста дел од првичните одредби претрпеа и измени. Како што тогаш информираа надлежните, целта на новите законски прописи е да се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како и да се постават високи стандарди за лична одговорност кај секој од нив.
Целата сторија прочитајте ја тука.
