Законот забранува, но во Албанија работат 54 илјади деца
Вкупно 54 илјади деца на возраст од пет до 17 години, кои работат во Албанија и официјално се регистрирани, покажала студијата изработена од Институтот за статистика. Оттаму потврдуваат дека 7,7 отсто од албанските деца на оваа возраст работат во земјоделството, трговијата, градежништвото, па и во рударството, а сето тоа за да обезбедат минимални приходи за живот.
Истражувањето покажало дека 2,5 отсто од овие деца од машки пол работат во градежниството и рударство, со продолжено работно време и во тешки услови, додека 2,7 отсто работат на пазар или на улица.
Албанскиот закон забранува работа за деца на возраст од пет до 13 години, но сепак тие претставуваат 28,5 отсто од децата кои работат, стои во студијата.
Слично
