Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за цензура на „бомбите“ ќе биде повлечен, ќе се прави нов?

Законот за цензура на „бомбите“ ќе биде повлечен, ќе се прави нов?
Законот за необјавување и за повлекување од медиумите на сите објавени прислушувани разговори најверојатно ќе биде повлечен и ќе треба да се направи нов. До ова решение, како што јавува 24 вести, преговарачите дошле по острата реакција на амбасдорите Бејли и Орав, како и по силната реакција на новинарите контра предложениот текст на законот со кој се предвидуваа и затворски казни за оние што ќе објавуваат прислушувани разговори. Сега практично законот ќе оди на доработка, за во него да бидат вклучени сите партии што учествуваа во пржинскиот договор. Она што е клучно е да се избегне цензурата и да се одбегне ретроактивното дејство на законот. По ваквото решение, преговарачите се вратиле на договори за изборниот законик. Инаку пред само нешто повеќе од еден час еден од предлагачите на законот Талат Џафери децидно изјави дека законот нема да го повлече.
Слично

Поврзани вести