Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за предвремено пензионирање – шпекулација?

Законот за предвремено пензионирање – шпекулација?

Иницијативата за предвремно пензионирање во Македонија не стигнала до Министерството з труд и социјална политика.

Ова го тврди министерката Фросина Ташевска Ременски која ги негираше информациите дека министерството ја отфрлило иницијативата.

-Ако министерството ја отфрлило иницијативата, прво треба да знаеме за тоа, бидејќи тоа министерство ги потпишува документите”  - вели Ременски.

Со иницијативата на организацијата на работодавачи се предлагаше измена на законот за пензионирање , во која што жените да може да се пензионираат на 59, а мажите на 61 година, а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците.

Претседателот на Здружението на работодавачи пак,  Ангел Димитров вели дека предлогот за предвремено пензионирање е заглавен во преговорите со синдикатите.

Слично

Поврзани вести